Вести Свет

Руте: НАТО останува посветен на Западниот Балкан

Алијанската останува посветена на Западен Балкан, иако не е споменат во Завршната декларација од Самиот во Хаг, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на прес-конференцијата по завршувањето на заседанието на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави или влади во холандскиот главен град.

Тоа не е традиционално соопштение какво што би го виделе во ОН или НАТО во минатото, каде би имале 60 страници и 90 параграфи, кои во основа зборуваат за светот од раѓањето на Исус до денес и за се помеѓу тоа. Мислам дека тоа е глупаво, изјави Руте во одговор на новинарско прашање какво значење има за Западниот Балкан тоа што првпат по долго време не е споменат во Завршна декларација од еден Самит на Алијансата.

Руте нагласи дека НАТО останува посветен на Западниот Балкан преку својот ангажман во рамките на Меѓународните сили во Косово  и во силите во Босна и Херцеговина – АЛТЕА, како и дека тој лично го посетил регионот каде се сретнал со косовските и босанските лидери, а имал и вечера со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел.

– Значи ние сме инволвирани во регионот. Секако инволвирана е и ЕУ, со која тесно се координираме… Се е исто, ништо не е променето, туку само (во Декларацијата) навистина се фокусиравме на три основни прашања во пет параграфи, додаде Руте.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека трае истрагата за 29 полицајци, Обвинителствп за гонење организиран криминал и корупција не може да ги прими на средба родителите од Кочани

Дејан Дејан

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе