Македонската претседателка Гордана Сиљановка Давкова, во Хаг сепак се сретна со бугарскиот премеир, Росен Жељазков. По едномесечна неизвесност дали двете страни ќе седнат на заедничка маса на самитот на НАТО во Хаг, тоа се случи, но не во форматот кој го понуди Европската унија, двете страни да седнат на разговори со нејзино медијаторство.
Средбата како што соопшти претседателката Сиљановска Давкова со Жељазков била протоколарна и се случила пред вечерата на шефовите на делегациите на Самитот. Средбата била пријателска, при што Сиљановска Давкова и Жељазков разговарале за нужноста од меѓусебно разбирање.