Вести Свет

По 40 години астронаути на Полска, Индија и Унгарија на мисија во Вселената

Индија, Полска и Унгарија ги испратија своите први астронаути во вселената по повеќе од четири децении на приватна мисија на Меѓународната вселенска станица. Мисијата беше организирана од Axiom Space со поддршка од SpaceX и беше придружувана од американската астронаутка Пеги Витсон. Цената на двонеделен престој во вселената се проценува на околу 65 милиони долари по лице.

Лансирањето беше одложено за две недели поради истекување на кислород што SpaceX мораше да го поправи на својата ракета Falcon.

После тоа, НАСА дополнително го одложи летот за да ги реши долгогодишните проблеми со протекување на воздух на рускиот сегмент од Меѓународната вселенска станица.

Екипажот го сочинуваат: 

Шубханшу Шукла од Индија, пилот на воздухопловните сили,

Тибор Капу од Унгарија, машински инженер,

Суавош Узнањски-Вишњевски од Полска, експерт за зрачење и проект астронаут за Европската вселенска агенција, со нив патува и Пеги Витсон, најискусната американска астронаутка, која ја предводи мисијата.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека трае истрагата за 29 полицајци, Обвинителствп за гонење организиран криминал и корупција не може да ги прими на средба родителите од Кочани

Дејан Дејан

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе