Вести Свет Топ вести

Калас: Затворање на Ормускиот теснец би било екстремно опасно и неповолно за сите

Европските министри за надворешни работи се силно фокусирани на дипломатско решение за ескалацијата во Иран, изјави високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Каја Калас во Брисел.

Калас предупреди дека последиците од иранска одмазда по американските напади врз нуклеарни локации се „огромни“, особено ако Иран го затвори Ормускиот Теснец што, како што рече, „би било екстремно опасно и неповолно за сите“.

„Потребно е дипломатско решение за да се обезбеди долгорочна стабилност“, нагласи Калас, еден ден откако САД се приклучија на израелскиот конфликт со Иран со напади на три нуклеарни објекти.

Министрите на ЕУ денеска во Брисел дискутираат за повеќе безбедносни прашања, вклучувајќи ја состојбата во Украина, Газа, Блискиот Исток и Иран. Калас најави и дека ќе се разгледа членот 2 од Спогодбата за асоцијација со Израел, кој предвидува проценка на усогласеноста на земјата со човековите права и демократските принципи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе