Вести Свет

Најмалку шест загинати во руски напад врз Киев

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе се повредени во ноќен напад со дронови и ракети врз украинската престолнина Киев, соопштија украинските служби за итни случаи.

Во нападот е оштетена станбена зграда во областа Шевченкивск, каде дел од објектот се урнал, а спасувачите сѐ уште трагаат по затрупани под рушевините. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека се надева оти бројот на жртви нема да се зголеми, но дека потрагата продолжува.

Во градот Била Црква, 85 километри југозападно од Киев, во нападите загина уште едно лице, а осум се повредени. Ова е нов силен руски напад, кој доаѓа само една недела по смртоносниот напад во кој загинаа 28 лица во Киев, од кои 23 во урната станбена зграда. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече тој напад „еден од најголемите бомбардирања во војната“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предлог законот на СДСМ за помош на настраданите во пожар во Кочани заглави во Комисијата за социјална политика

Дејан Дејан

Македонија е понижена и без европска иднина – став на СДСМ за една година власт на ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

АФЕТ пред предизвик дали ќе го изгласа Извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе