Вести Македонија

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа во Охрид

Четириесет и четири годишна жена загина а уште едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случила во Охрид. Во пешаците со моторно возило удрил 22 годишен возач, кој доби кривична пријава. Охридската полиција алармира дека е потребна поголема внимателност од сите учесници во сообраќајот а посолуваат дека за пет месеци поднеле 7 кривични пријави и напишани се 3 илјади казни за сторени прекршоци во сообраќајот.

Изгубил контрола и излетал од кружниот тек по што удрил во пешаци. Едниот загинал, а другиот завршил со телесни повреди. 22 годишен возач е уапсен и доби кривична пријава за тешки дела против безбедноста во сообраќајот. Во несреќата што се случила синоќа нешто по 22 часот во Охрид животот го загуби 44 годишна жена.

СВР Охрид апелира и алармира особено во овој период кога фреквенцијата на возила но и граѓани е зголемен, да се внимава кога се управува патничко или моторно возило и да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Најголем проблем останува честото кршење на сообраќајните правила, возењето без дозвола, но и лошата осветленост на улиците со што дополнително се намалува сигурноста на учесниците во сообраќајот. Билтенот на МВР речиси секојдневно бележи црна статистика. За пет месеци СВР Охрид има напишано околу 3 илјади казни и 7 кривични пријави.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

СДСМ објави листа на 19 кандидати за градоначалници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе