Вести Македонија

Ефективен притвор за Нино Васев и Нехад Нухи

Скопска апелација пред малку објави дека одлулчиле Нино Васев и Нехад Нухи да одат во ефективен притвор. Судиите ги прифатиле  жалбите на обвинителството кое се жалеше на куќниот притвор за двајцата обвинети со образложение дека постои опасност од бегство.

 Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, против Решението на кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје и истото го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор определена према обвинетиот Н.В. од С.,  поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, а поради постоење на причините за мерката притвор определени со одредбата од чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривичната постапка ОПРЕДЕЛИ мерка притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението.

Судот ја укина и мерката куќен притвор определена према обвинетиот Н.Н. од С.,  поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.

Поради постоење на причините за мерката притвор определени со одредбата од чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривичната постапка и  ОПРЕДЕЛИ мерка притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението на скопска апелација.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

СДСМ објави листа на 19 кандидати за градоначалници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе