Вести Свет

Светски ден на бегалците

Со малку облека и ограничен буџет стотици илјади бегалци секојдневно ги поминуваат меѓународните граници. Тие оставаат сè зад себе со план да најдат сигурност и засолниште во друга земја.

 

Границите беа отворени. Значи, беше прилично лесно за бегалците да се движат. Имав можност и јас да се движам, но не знаев каде да одам, што да правам, па бев прилично изгубен. Но, едноставно најдов работа и останав. И сега мислам дека е многу тешко. Границите се затворени, а системот за азил е многу тежок, изјави бегалецот Сохеиб Шехк

 

Тешкиот дел беше кога имаше бродоломи, кога ги собиравме бебињата што се удавија, кога ја спасивме мајката, а бебето се удави. И ќе се вратевте тука и мајката ќе ви речеше: „Зошто ме спасивте мене и го оставивте моето бебе да се удави?“ Илјадници, илјадници се удавија, изјави рибарот Стратос Валмилос

Пред десет години, карпест дел од крајбежјето на грчкиот остров Лезбос беше нем сведок и срцето на бегалската криза во Европа . Веднаш преку водата на шест милји оддалаченост – се наоѓа Турција. Овие плажи на северниот брег на Лезбос беа главна точка на беглаците кои се обидуваа да стигнат до ЕУ.

Шверцерските мрежи ја искористија кратката морска рута и во 2015 и 2016 година, обемот на пристигнувања беше зачудувачки. Стотици илјади луѓе го направија патувањето. Десетици бродови можеа да се истоварат тука во еден ден. Повеќето бегаа од војната и немирите во Сирија, Ирак и Авганистан. Но, не сите го преживеаа патувањето. Преминувањето, исто така, донесе безброј несреќи на море – превртени бродови, френетично спасување и бројни давења, изјави Дерек Гатополус-АП

Приливот на бегалци ја погоди туристичката индустрија на островот и предизвика политичка криза. Европа ги заостри своите граници, барателите на азил беа притворени.

 

Јавната загриженост помогна многу влади да се поттикнат кон построги миграциски политики, додаде Гатопулос

Една деценија подоцна, северен Лезбос стои како потсетник – не само како една од најпрометните бегалски рути во поновата историја – туку е и потсетник  на географските, хуманитарните и политичките сили што се судрија тука. На 20 јуни секоја година, светот го одбележува Светскиот ден на бегалците — меѓународна иницијатива на ООН ја слави храброста и отпорот на оние што го напуштиле својот дом поради војна или прогон. Оваа година темата гласи: „Солидарност со бегалците“, со пораката дека поддршката не смее да остане само во зборови, туку мора да се трансформира во конкретни акции .

Кристина Кузмановски

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ бара вонредна седница за разрешување на претседателката на Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена

Дејан Дејан

Обвинетите ексдиректори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехад Нухи одат во ефективен притвор

Дејан Дејан

Протест на пелагониските сточари за лошата состојба во земјоделството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе