Вести Свет Топ вести

Стотици Израелци преноќуваат во подземни железници

Стотици жители во Тел Авив ги претворија новите подземни железнички станици во импровизирани засолништа од иранските ракетни напади. Секоја вечер, по зајдисонце, луѓето пристигнуваат со душеци, вреќи за спиење, нешто за јадење, таблети полни со филмови – дури и домашни миленици.

Само во една станица на границата меѓу Тел Авив и Рамат Ган се собираат околу 200 лица. Некои од нив дури се запознаваат и си ги делат ќошињата како соседи. Изминатата недела, во иранските ракетни напади убиени се 24 лица, а ранети се стотици.

Во израелските напади врз Иран, пак според „Хјуман Рајтс Активистс“ загинале 639, а над 1.300 се ранети, меѓу кои 263 цивили и 154 припадници на безбедносните сили.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест на пелагониските сточари за лошата состојба во земјоделството

Дејан Дејан

На 58 повредени во пожарот во Кочани веќе им е дадена компресивната облека

Дејан Дејан

Граѓаните во банките најмногу се задолжиле со потрошувачки и станбени кредити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе