Вести Македонија Топ вести

Ги имало многу, материјалните трошоци се зголемиле, а 27 години работеле со фиксни тарифи – нотарите бараат покачување на цената за основните заверки

Зголемени материјални трошоци, фиксни тарифи повеќе од 25 години и голем број на нотари на територијата на државата. Ова се клучните причини кои денес ги истакнаа од Нотарската комора поради кои бараат зголемување на тарифите на дел од нивните услуги. За проблемите е разговарано со министерството за правда и побарани се законски измени.

Од Комората велат дека првенствено се бара зголемување на тарифата од 100 денари за заверка на документ, тарифа која е на сила веќе 27 години, односно од основањето на нотарската служба.

„Не може да се изготви нотарски платен налог, да се прими решението, да се направи решението, да се достави до странката, да се примат доставниците, да се стави печат за правосилност, да се даде на доверителот, сè за 50 денари и на крај тоа сè да се чува во архива на нотарот уште три години, па постапка за уништување“, вели Марјан Коцевски, претседател на Стручен совет на Нотарска комора.

Оттаму бараат да се вратат старите законски одредби кои предвидуваат еден нотар на најмалку 20.000 жители, но и да се преиспита воведеното задолжително учество на адвокатите во постапките пред нотар.

„Ние имаме дејствија што работиме на терен, а немаме ниту награда, ниту материјален трошок ни е платен. Ние бараме токму такви дејствија да ни се зголемат. И не бараме баснословно. И да, ќе кажете дека бараме 100 проценти да се зголеми како што претходно беше бомбастично најавувано. Но, 100 проценти на 100 денари е 200 денари. Ќе го земам Куманово за пример. На последниот попис има 70.000 жители, треба да има четворица до пет нотари. Таму има 14. Скопје како пример. Има 660.000 жители, а има 70 нотари“, изјави Методија Ристоски, претседател на Нотарска комора.

Како пример од комората ги наведоа предметите за наплата на тужбите на комуналните претпријатија и за тоа добиваат 10 проценти од вредноста за спорот за разлика од адвокатите и извршителите кои наплаќаат многукратно повеќе.

Според претставниците на комората, нотарските тарифи во изминатиот период се неколкукратно намалени кога станува збор за заверка на документи за купопродажба на недвижни и движни објекти.

„Нотарскиот акт за еден стан од приближно 50 квадрати, во 1998 година беше приближно 400 марки. Сега наградата за таква солемизација чини 4.600 денари. Мора да се сложиме дека тоа не може да опстои“, додава Коцевски.

Еден од проблемите кои ги истакнаа од комората е одредбата за чување на документите за што е потребен простор, кој е на трошок на нотарите и затоа бараат да се овозможи електронско складирање и пристап.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави дека во наредните две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

Дејан Дејан

Димитров: Моите критичари ми понудија да бидам амбасадор во Вашингтон или да бирам земја, меѓудругото за да ме замолчат

Дејан Дејан

Димитров: Комесарот Вархеји имаше исклучително негативна улога, немаше друг претставник на ЕУ што се залагаше за мешање на пристапниот процес со еден тежок спор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе