Вести Македонија Топ вести

Кој ќе го оценува обвинението за пожарот во „Пулс“?

Штипска Апелација утре ќе одлучува кој ќе го оцени обвинението за пожарот во дискотеката „Пулс“. Од Апелација за Телма велат дека за утре е закажан колегиум на кој ќе се разгледува барањето на кочанскиот суд да биде изземен, затоа што сите петмина судии имаат законски пречки – веќе решавале за мерките за обезбедување за обвинетите. Ако одлучат да го изземат кочанскиот суд, штипска Апелација може предметот да го префрли на некој од судовите со проширена надлежност, од ова апелационо подрачје. Остануваат основните судови во Штип и во Струмица.

„Заеднички непосредно повисокиот суд може за водење на постапката да определи друг стварно надлежен суд на своето подрачје, ако е очигледно дека така полесно ќе се спроведе постапката или ако постојат други правни или стварни причини“, се вели во член 27, ст 3, од Законот за кривична постапка кој се однесува на пренесување на месната надлежност.

Доколку второстепениот суд одлучи дека нема услови во ниту еден од судовите под нивна капа, за префрлање на предметот во друго апелационо подрачје на пример во скопско, може да одлучи Врховниот суд, велат судиите кои ги консултиравме.

Минатиот петок обвинителството поднесе обвинение против 34-цата обвинети за „Тешки дела против општата сигурност“ за трагедијата во која животот го загубија 62-ца млади луѓе, а над 200 беа повредени.

Адвокатите што ги контактираше Телма сè уште не до го добиле обвинението. Од кочанскиот суд објаснуваат дека веднаш по приемот на обвинението, го побарале изземањето од штипска Апелација каде што е испратен и предметот и од одлуката ќе зависи натамошниот тек. Не само кој ќе го оцени обвинението, туку и кој суд ќе го достави актот до обвинетите и нивните бранители.

Меѓу обвинетите се сопственикот на „Пулс“, брат му и синот, тројца градоначалници на Кочани управителот на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, обезбедувачи, четворица поранешни директори на ДЗС, двајца поранешни министри за економија Бектеши и Сарачини, вработени во министерството и локални пазарни инспектори

Елена Ивановска Мукоски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави дека во наредните две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

Дејан Дејан

Димитров: Моите критичари ми понудија да бидам амбасадор во Вашингтон или да бирам земја, меѓудругото за да ме замолчат

Дејан Дејан

Димитров: Комесарот Вархеји имаше исклучително негативна улога, немаше друг претставник на ЕУ што се залагаше за мешање на пристапниот процес со еден тежок спор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе