Вести Свет Топ вести

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта

Унгарската полиција соопшти дека ја забранила Парадата на гордоста на ЛГБТ заедницата во Будимпешта, што беше планирана на 28 јуни, пренесува „Ројтерс“.

Во полициското соопштение се наведува дека „не може да биде исклучено, а можеби и неизбежно, лицата помлади од 18 години да може да учествуваат во забранети активности со закон“. Се додава дека прошетката би можела да доведе до „пасивни жртви“, односно луѓе кои не сакаат да бидат дел од настанот, но поради јавниот карактер на Парадата би биле принудени да бидат набљудувачи, пишува бриселски Јуроњуз.

Град Будимпешта претходно најави дека ќе ја организира традиционалната манифестација како официјален градски настан во знак на прослава на слободата.

Унгарскиот парламент во кој партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан има големо мнозинство, во март усвои закон кој ѝ овозможува на полицијата да забрани ЛГБТ парада со образложение за наводна заштита на децата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави дека во наредните две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

Дејан Дејан

Димитров: Моите критичари ми понудија да бидам амбасадор во Вашингтон или да бирам земја, меѓудругото за да ме замолчат

Дејан Дејан

Димитров: Комесарот Вархеји имаше исклучително негативна улога, немаше друг претставник на ЕУ што се залагаше за мешање на пристапниот процес со еден тежок спор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе