Вести Свет Топ вести

Американски носач на авиони се упатува кон Европа

Носачот на авиони Џералд Р. Форд, најголемиот и најмодерен воен брод на САД, ќе исплови од источниот брег на САД кон Европа на редовно планирана мисија, соопшти американската морнарица.

Но, неговото присуство во регионот истовремено му обезбедува на претседателот Доналд Трамп и третa опција за носач на авиони, додека ги разгледува можните воени одговори на ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран.

Носачот претходно беше распореден во источниот Медитеран по нападите на Хамас врз Израел во октомври 2023 година, како знак на поддршка и одвраќање. Со ова САД наскоро ќе имаат три носачи на авиони распоредени во критични точки во близина на конфликтната зона.

Ова значително засилување на американското поморско присуство ја зголемува подготвеноста за потенцијален одговор, додека Вашингтон и сојузниците проценуваат дали и како да реагираат на иранските ракетни напади врз Израел и израелските контраудари врз ирански нуклеарни објекти. Трамп претходно рече дека Вашигтон има одобрено планови за напад но дека се уште не е донесена конечна одлука.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс: Владата ќе троши повеќе пари, но планира и повеќе да собере во буџетот

Дејан Дејан

Повеќе ќе трошиме, повеќе и ќе собираме – финансии предлага избалансиран ребаланс на буџетот

Дејан Дејан

Клековски: Очекуваме експерт за ампутации од Словенија за повредените во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе