Вести Македонија

Данска бара Македонија да помогне и да направи исчекор кон ЕУ

Сега постои момент за проширување кој го немаше долго време, ве молам грабнете го. Оваа порака данската министерка за европски прашања, Мари Бјере, ја упати до Македонија на две недели пред Копенхаген да го преземе претседавањето со Европската унија, најавувајќи дека проширувањето ќе и биде една од клучните теми во тој период, особено поради геополитичките предизвици и агресијата од Русија на кои е изложена Европа. Сепак таа побара Македонија да ги исполни чекорите кои се бараат од неа за да стигне таму.

„Ние како претстојно претседателство не можеме да го потурнеме тоа сами. Ние мора да работиме заеднички и конструктивно, затоа сум тука. Дојдов за да работиме заеднички конструктивно со Северна Македонија за да видиме каде може да направиме прогрес, бидејќи ние не можеме да го направиме тоа сами. Тоа изискува дека напредок треба да биде направен и од страна на Северна Македонија, дека преземаат чекори кои ќе ги направат потребните измени со цел членство во ЕУ. Но ние ќе направиме што можеме“, рече Бјере.

Нејзиниот домаќин, министерот за европски прашња на Македонија, Орхан Муртезани, пак со став дека патот кон ЕУ треба да се води по Копенхашките критериуми – објективни, мерливи и еднакви за сите.

„Во време кога процесот е изложен на притисоци и тенденции на билатерализација, токму овие критериуми се нашата заштита. Тие се потсетник дека европскиот пат не смее да се условува со прашања надвор од суштината на демократијата, владеењето на правото и функционалната пазарна економија“, рече Муртезани.

Според Муртезани билатералните прашања треба соодветно да бидат решени меѓу членките и соседите, но да не го контаминираат европскиот процес.

Освен уставните измени Македонија за отворање на првиот кластер има обврска до Европската комисија да достави и три патокази, за владеење на правото, за реформа на јавната администрација и за функционирање на демократските институци, како и Акциски план за малцинските права. Според Муртезани трите патокази се во завршна фаза на усогласување со Европската комисија додека Акцискиот план кој го подготвува МНР е испратен во Советот на Европа, од каде кога ќе стинат коментарите на него, ќе следи процедура за усвојување и формално испраќање до Европската комисија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цубалевски: Ако се затвори Ормуцкиот теснец, цената на нафтата може да порасне до 400 долари за барел, тоа би ја турнало светската економија во криза од невидени размери

Дејан Дејан

Борозанов: Сигурно ќе има одложување на инвестициски одлуки во оваа година

Дејан Дејан

Борозанов: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран ќе има негативен ефект врз глобалниот раст на подолг рок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе