Вести Македонија

Министерството за здравство ќе го преземе водството за Кочани – најави нов центар за млади и вработувања во болниците

Министерството за здравство ќе ги координира сите процеси поврзани со поддршката за Кочани, по трагедијата што ја потресе јавноста. Како што најави министерот Азир Алиу на денешниот брифинг со новинарите, веќе е формирана работна група составена од експерти, невладини организации, локални институции и доктори. Меѓу првите конкретни чекори е зголемување на капацитетите во кочанската болница. Се реновира подрумска просторија која ќе биде адаптирана за прием и третман, а според најавите, ќе биде подготвена за неколку недели. Се планира отворање на иновативен центар за млади, кој ќе биде достапен за сите граѓани на Кочани и ќе понуди простор за развој и поддршка.

„Ние сме луѓе, сакаме и социјален живот. Тој центар ќе има таква инфраструктура и ќе биде отворен за сите граѓани на Кочани“, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

За да не дојде до злоупотреби, Министерството за здравство ќе ја преземе координација на донациите за семејствата на настраданите и за повредените од трагедијата во Кочани. Најавени се нови вработувања како во кочанската болница, така и во другите здравствени установи низ државата.

„Ние како министерство за здравство во фокусот ни е Кочани, но исто така не треба да заборавиме дека треба да ги опслужиме сите граѓани на Македонија. Итно ќе делуваме во сите здравствени установи се со цел да може да им се дадат сите потребни услуги“, додаде Алиу.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени. Околу 45 од повредените се рехабилитираат во кочанската болница, седум во штипската, а дел од нив доаѓаат на прегледи на Клиниката за пластична хирургија во Скопје. Од утре почнува рехабилитација на првата група во Пониква.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цубалевски: Ако се затвори Ормуцкиот теснец, цената на нафтата може да порасне до 400 долари за барел, тоа би ја турнало светската економија во криза од невидени размери

Дејан Дејан

Борозанов: Сигурно ќе има одложување на инвестициски одлуки во оваа година

Дејан Дејан

Борозанов: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран ќе има негативен ефект врз глобалниот раст на подолг рок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе