Расте бројот на жртви од најмасовниот руски напад врз Киев од почетокот на инвазијата, според украинските власти има над 20 загинати луѓе.
Во нападот се повредени најмалку 134 луѓе, а цел на офанзивата биле 27 локации во главниот град на Украина.
„Вкупно 21 лице загина во главниот град, а 134 се повредени“, напишаа службите за итни случаи на своите канали на Телеграм.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече овој напад „еден од најстрашните“ што Русија го извршила врз Киев откако започна инвазијата во февруари 2022 година.
Во нападот нападот се употребени повеќе од 440 дронови и 32 ракети, што ја прави оваа офанзива една од најжестоките и најобемните досега.