Израелската војска соопшти дека го убила Али Шадмани кој се смета за началник на генералштабот на иранските оружени сили. Шадмани важи за највисок воен командант, наведува „Ројтерс“.
Порталот Ynet news пренесува дека Шадмани бил водач на Револуционерната гарда и на војската на Иран. На позицијата бил поставен по убиството во петокот на неговиот претходник Алам Али Рашид во израелската операција „Подем на лавот“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.