Турција е подготвена да вложи напори за олеснување на продолжувањето на нуклеарните преговори, ова го кажал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со својот ирански колега Месуд Пезешкијан, објави Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.
Во разговорот, Ердоган ја истакнал важноста што Турција ја придава на мирот и стабилноста во регионот. Претседателот на Турција денеска разговарал и со рускиот претседател Путин. Во разговорот тој го обвинил Израел дека ја загрозува безбедноста на Блискиот Исток, за кој рекол дека не може да толерира уште една војна.