Свет

Принудно вратен назад летот од Франкфурт за Индија

Авион на германската авио-компанија Луфтханза, кој летал од Франкфурт кон индискиот град Хајдерабад, бил принуден да се врати назад поради закана за поставена бомба. Алармот за можен терористички напад бил примени од Одделот за корпоративна безбедност на компанијата, соопшти германската федерална полиција. Пилотите на летот „LH752“ добиле наредба да го прекинат летот додека се наоѓале над бугарскиот воздушен простор, по што авионот направил полукружно враќање и безбедно слетал во Франкфурт околу 18:30 часот по локално време.

По слетувањето, авионот бил прегледан од тимови за детекција на експлозиви, а сите патници биле евакуирани и задржани во транзитната зона на аеродромот, каде што ја поминале ноќта додека траела истрагата. Засега не е пронајден никаков сомнителен предмет, но истрагата за лажна закана или евентуален безбедносен пропуст продолжува.

Од Луфтханза потврдија дека летот бил вратен поради безбедносни причини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

Г7 договори нацрт-изјава за Израел и Иран, но Трамп најверојатно нема да ја потпише

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе