Вести Свет

Се интензивира конфликтот меѓу Израел и Иран – расте бројот на жртви кај двете завојувани страни

Четврти ден од воениот конфликт меѓу Израел и Иран. Покрај материјалната штета, расте и бројот на човечки жртви кај двете страни.

Исламската република во неколку наврати во текот на минатата ноќ лансираше проектили кон цели во Тел Авив, Хаифа и други населени места во Израел, а според извештаите, ова се досега најинтензивните ракетни напади.

Силни експлозии ги потресоа најголемите градови во еврејската држава. Уништени се повеќе станбени објекти, најмалку три луѓе се убиени а над 30 ранети во жестоките ракетни напади.

„Биби продолжи, не запирај, мора да ги елиминираш. Нема што друго да се направи. Целата израелска нација е со тебе“ изјави Јорам Суки, жител на Израел чиј стан бил уништен.

На прашањето: Дали страдањето вреди за оваа војна?

Јорам Суки одговори „Целосно вреди, затоа што ова е за доброто на нашите деца и внуци. Да, јас сум лично подготвен да го издржам сето ова. Мојот стан беше целосно уништен и сега имаме тежок период, со предизвици, но ги поддржувам нападите до крај, нема запирање.“

Иранските напади следуваа откако Израел лансираше повеќе ракети на цели во Иран, при што во еден од нив бил убиен и шефот на военото разузнавање на иранските вооружени сили.

Најмалку 224 Иранци досега се убиени во Израелските напади по почетокот на воената операција на официјален Тел Авив, минатиот петок.

„Очигледно, нема да коментирам за идните планови или конкретни цели, но ние досега ги елиминиравме речиси сите повисоко рангирани команданти во иранскиот режим и ќе продолжиме со нападите се додека е потребно. За да ја елиминираме егзистенцијалната закана за Израел“ изјави Надав Шошани, портпарол на Израелските одбранбени сили

Иако во нападите на Израел, беа убиени голем дел од воените лидери на Иранската револуционерна гарда и други високо рангирани претставници на исламската република, сепак најголем дел од жртвите – речиси 90 % се цивили.

Воениот конфликт меѓу Израел и Иран ќе биде и една од главните теми на самиот на Г7 во Канада а пред заминувањето за Канада, американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се претставуваше како голем  миротворец, кој ќе ги запре сите војни, сега вели – може треба да се истепаат малку двете страни, како да зборува за конфликт меѓу деца.

„Се надевам дека ќе има договор. Мислам дека е време за договор. Ќе видиме што ќе се случи, но понекогаш мора да се „истепаат“. Но, ќе видиме што ќе случи. Мислам дека има добра шанса да имаме договор“ изјави Доналд Трамп, Претседател на САД.

Од друга страна, повеќе западни медиуми пренесоа и дека Доналд Трамп наводно го забранил и отфрлил Израелскиот план во рамките на првата фаза на нападите против Иран да биде убиен и врховниот лидер на исламската република – ајатолахот Али Хаменеи.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе