Вести Свет

Зеленски повика на зголемување на притисокот врз Русија

Украинскиот претседател Володомир Зеленски упати апел до лидерите на земјите од Групата седум најразвиени да го зголемат притисокот врз Русија со цел да се обезбеди прекин на огнот во конфликтот во Украина.

Тој нагласи дека е неопходно да се преземат конкретни мерки за да се спречи избегнувањето на санкциите воведени против Москва. Во објава на својот „Телеграм“ канал, Зеленски изјави дека групата Г7 има доволно моќ и средства да ја заостри политиката кон Русија и да го принуди Кремљ на преговори и мирно решение.

Зеленски ја користи оваа можност да ги мобилизира западните сојузници за поддршка на Украина во моментите кога војната продолжува да го одзема животот на илјадници луѓе и да предизвикува огромни разурнувања во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Обновливите извори и замената на фосилните извори на енергија се клуч за енергетската транзиција на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе