Вести Свет

Оман: Откажани нуклеарните преговори меѓу САД и Иран

Шестата рунда преговори за нуклеарната програма меѓу САД и Иран, планирана за утре во Оман, е откажана, соопшти министерот за надворешни работи на Оман, Бадр Албусаиди.

„Преговорите меѓу Иран и САД, закажани за во Мускат в недела, сега нема да се одржат“, напиша Албусаиди на платформата Икс, додавајќи: „Но, дипломатијата и дијалогот остануваат единствениот пат до траен мир“.

Преговорите, во кои Оман посредуваше, беа нарушени од израелските напади врз иранските нуклеарни објекти.

Иранското Министерство за надворешни работи претходно денеска соопшти дека учеството во нуклеарни преговори со САД е „бесмислено“ додека Израел продолжува со напади врз Иран.

– Очигледно е дека во вакви околности, додека ционистичкиот режим врши агресија врз иранскиот народ, нема логика да се разговара со страна која е најголем поддржувач и соучесник на агресорот, изјави портпаролот Есмаил Бакеи.

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, додаде дека „нема оправдување“ за продолжување на индиректните преговори додека трае „варварското однесување“ на Израел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу: Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица

Дејан Дејан

Илјада жители од радовишките села Бучим и Тополница без вода за пиење

Дејан Дејан

АЛИУ: Чекалните во Онкологија се под секое достоинство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе