Вести Свет

Конференцијата во Ница постигна напредок за заштита на 30 отсто од океаните

Борбата против пластичниот отпад, климатските промени и прекумерниот риболов беа меѓу клучните теми на кои дискутираа претставници од 170 земји на третата Конференција на ОН за океаните, одржана неделава во францускиот град Ница, јави ДПА.

Иако конечниот документ, кој се очекува подоцна денеска, веројатно нема да ги исполни очекувањата на екологистите, конференцијата постигна значителен напредок од нејзиното отворање во понеделник. Потписниците се обврзаа да ја спроведат целта на ОН за ефективна заштита на најмалку 30 отсто од светските океани до 2030 година, во споредба со сегашните осум проценти.

На конференцијата во Ница, повеќе од десетина земји го ратификуваа договорот, приближувајќи ја меѓународната заедница до оваа цел. Според ко-домаќините Франција и Костарика, целта од 60 земји-ратификатори треба да биде постигната најдоцна до септември.

Во Ница, 95 земји се здружија и побараа ограничување на производството на примарна пластика, обврска за земјите да известуваат за производството, увозот и извозот на пластика, како и постепено укинување на најпроблематичните пластични производи и хемикалии во пластиката.

Напредок беше постигнат и во други области, вклучително и француско-германската иницијатива за мапирање на локациите на депонии со муниција во Балтичкото и Северното Море. Група земји, исто така, се заложи за борба против бучавата во океаните, додека УНЕСКО планира да промовира морско образование.

Следната Конференција на ОН за океаните е закажана за 2028 година и ќе се одржи во Јужна Кореја и Чиле. Претходните конференции се одржаа во Њујорк во 2017 и во Лисабон во 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел соопшти дека убил над 20 ирански команданти

Дејан Дејан

Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина

Дејан Дејан

Нов бран израелски напади врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе