Вести Македонија Топ вести

Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов

Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов е приведен во рамки на предистражната постапка на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција заедно со уште две лица. Од септември минатата година беше отворена предистражна постапка за работата на фирмите кои се поврзани со Крмзов и кои се сомничат за финансиски криминал вреден десетици милиони евра.

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК полициски службеници реализираа акција во која е обезбедено лице за кое во септември минатата година беше отворена предистражна постапка. Освен ова лице обезбедени се уште две други лица, соопштија од ОЈО ГОКК.

Пред 9 месеци имаше голема полициска и даночна акција во фирмите на Крмзов. КОД во неколку емисии пишуваше за предистрагата. Се истражуваат 15 фирми поврзани со неформалниот крал на текстилот од Струмица.

Инспекторите се сомневаат во даночни измами, затајување данок, перење пари и царински измами. ОД УЈП тврдат дека откриле злоупотреби и дека и по контролите овие фирми продолжиле на истиот начин.

Сметките на неговите фирми се блокирани поради неплатени даноци.

Крмзов неодамна за КОД изјави дека целта е финансиски да го  уништат за локални моќници да му го преземат бизнисот.

Има два епилога, а една цел. Уништување на мене и се околу мене, и бизнисот што го работам 30 години, изјави Крмзов. 

Тој ја обвинуваше царината дека му ги држи камионите на граница, но оттаму негираа и одговорија дека од почетокот на 2024-тата, фирмите на Крмзов и самиот Крмзов добиле 4 кривични и 13 прекршочни пријави за утврдени неправилности.

КОД уште минатата година го истражуваше случајот со продажба на дел од фирмите на Крмзов на косовски државјани, кои подоцна се испостави дека не постојат. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција најави дека утре ќе одржи брифинг за новинари со повеќе информации за случајот.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе