Вести Македонија

Протест на медицинскиот персонал во Тетовската болница

Медицинскиот персонал во тетовската болница и денеска продолжија со протести поради неисплата на плати. Ќе протестираат, велат, се додека не се реши нивниот статус.

Главна сестра на клиничката болницата пак тврди дека не е исплатена само априлската плата и вели дека ова е наследен проблем. Уверува дека со назначување на новиот министер проблемите ќе се решат.

Пред неколку дена медицинските сестри од тетовската болница излегоа на протест со барање за повисоки плати и регулирање на работниот однос. Некои од нив работат и десет години со договор на дело.

Раководството, тогаш тврдеше дека не е до нив и тие барале одобрение од Министерство за финансии да им бидат продолжени договорите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе