Вести Македонија Топ вести

Членови на Судски на сослушување за постапката против судијата Беџети

Втората дисциплинската постапка за апелациониот судија Енвер Беџети во судскиот совет резултираше со разрешување, кривичната против него и екс вицепремиерот Груби сè е уште во предистрага. Од обвинителството за Телма велат дека во тек се сослушувања на лица за кои имаат определени сознанија. Меѓу нив и членови на судскиот совет поврзани со првата постапка за одговорност на Беџети, затоа што девет месеци го држеше во фиока предметот „Таргет Тврдина“. Тогаш Судски го казни парично со шест месеци пониска плата.

Предметот го отвори државниот обвинител, откако Беџети и Груби беа ставени на „црна листа“ на САД за вмешаност во значителна корупција и земање мито во врска со судските процеси против поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Досега обвинителството ја анализираше документацијата одземена од судскиот совет, а беше вклучена и Управата за финансиско разузнавање. Според извори на Телма, наредбите до управата биле во насока да си испита сомнителни трансакции, но и евентуално постоење на суми на пари кои не може да се поврзат со легален извор, но дали постоела, покрај поткуп, и трговија со влијание.

Алармот на „црната листа“ допре и до судскиот совет кој поведе нова постапка за одговорност на Беџети за нарушување на углед. Законскиот основ е во Член 75, став 1, ал 1, од Закон за судови: потешка повреда на јавниот ред и мир и други посериозни форми на недолично однесување со која се нарушува угледот на судот и неговиот углед;

По повеќе од пет месеци, Советот вчера го разреши Беџети со девет гласа „за“ и еден „против“, дознава Телма. Тој има право на жалба, но до правосилност на одлуката, тој нема повеќе да суди.

Предметот за прислушувањето „Таргет“, каде меѓу обвинетите е и Мијалков, заглави во Апелација, па потоа судиите одлучија да го укинат и вратат на почеток во Кривичен. Во повторената постапка судењето ги фати и спорните измени на Кривичниот законик, па застаре.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе