Со 8 гласа за и 5 против судски совет го избра судијата Африм Фидани за претседател на Врховниот суд. Судијката Беса Адеми која го предводеше судот до февруари годинава не го доби потребното мнозинство односно доби 2 гласа за и 11 против.
На денешната седница судски треба да избере и 10 судии за Скопска апелација.
Од 1990 до 1996 година работи во просвета на работни задачи – правно административни, додека од 1996 до 2005 година работи во Државниот инспекторат за труд на Република Македонија како републички инспектор за труд област на работни односи.
Понатаму од 2005 до 2007 година е секретар на Општина Врапчиште, а од истата година до 2011 година е адвокат со седиште во Гостивар.
Во 2011 година е избран за судија во Апелациониот суд Скопје – кривичен оддел. Со Одлука на Судскиот совет избран е за судија на Врховниот суд на Република Македонија.