Вести Свет Топ вести

Украина трета ноќ под руски бомбардирања

Украинските власти утрово соопштија за нова, трета последователна ноќ на масовни руски воздушни напади со употреба на големи групи борбени дронови.

Воздухопловните сили на Украина преку „Телеграм“ предупредија и на нови напади со крстосувачки ракети, а воздушна тревога беше прогласена низ целата земја.

Противвоздушната одбрана била активирана на повеќе локации, а регистрирани се бројни експлозии, соопштија властите.

Според украинските воздухопловни сили, руски дронови го нападнале црноморското пристаниште Одеса.

Воената управа на Харков соопшти дека во градот се слушнала серија силни експлозии. Гувернерот Олег Синегубов напиша на „Телеграм“ дека се работи за интензивни напади врз инфраструктура.

Русија ги засили нападите врз Украина во текот на викендот, користејќи стотици дронови секоја ноќ. Вчера загинаа најмалку 12 лица, а десетици беа повредени. Како одговор, Украина испрати стотици борбени дронови кон Москва, што доведе до нарушување на воздушниот сообраќај.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево со мала до умерена облачност, со попладневна локална нестабилност – Временска прогноза за 11.6.2025

Дејан Дејан

Трамп воздржан за трговските преговори со Кина

Дејан Дејан

Макрон: Блокадата на хуманитарната помош за Газа е „голем срам“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе