Вести Свет

Затемнување во Шпанија и Португалија- прогласена вонредна состојба откако двете држави останаа без струја

Во Шпанија и Португалија пополека се враќа струјата во мрежата во определени региони откакп денеска напладне електричната мрежа во двете држави на Пиринејскиот полуостров се прекина.

Шпанија прогласи вонредна состојба, а овој статус веќе го побараа регионите на Мадрид, Андалузија и Екстремадура со што централната влада треба да го преземе пдржувањето на јавниот ред и други функции во регионална надлежност.

Двете држави останаа целосно без струја, а во прекин беше целосниот сообраќај додека сите други активности за кои е потребна електрична енергија беа прекинати или се одвиваа со големи тешкотии.

Португалските власти соопштија дека прекинот бил предизвикан поради проблем во шпанската електрична мрежа и бил поврзан со „редок атмосферски феномен“.

Прекинот на електричната енергија бил предизвикан од „многу силна осцилација во електричната мрежа“ што доведе до „испад на електроенергетскиот систем на Шпанија од европскиот систем и колапс на ибериската електрична мрежа во 12:38 часот“, соопшти Едуардо Прието, директор на шпанскиот оператор на преносниот систем на електрична енергија.

Но, точната причина засега не е утврдена и се истражува додека трае битката за враќање на струја која оди споро и тешко поради системот за пренос на енергија.

Во моментоѕ, и Шпанија и Португалија набавуваат струја од Франција и Мароко за да ја стабилизираат мрежата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агресивно се однесуваше кон полицајци и се качил на возилото, МВР за инцидентот кај железничка со пајакот и таксистот

Дејан Дејан

Бектеши останува во притвор, екс градоначалниците на Кочани во куќен притвор

Дејан Дејан

Државата наплаќа денар, на приватниот партнер му исплаќа два

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе