Вести Свет Топ вести

Кардиналите денеска ќе утврдат датум за Kонклава за избор на наследник на папата Франциск

Кардиналите на Католичката црква, кои пристигнаа во Рим од целиот свет, денеска ја одржуваат петтата Генерална конгрегација по смртта на папата Франциск. На состанокот кој почна утрово се очекува да биде утврден датумот за почеток на конклавата за избор на нов Папа. Според проценките на експертите, конклавата би можела да започне на 5 или 6 мај, веднаш по завршувањето на деветте дена на жалост што завршуваат на 4 мај.

Од смртта на папата Франциск досега се одржаа четири Генерални конгрегации на кои беа донесени одлуки за организацијата на погребот и други прашања поврзани со функционирање на Црквата.

Право на глас имаат 135 кардинали кои се помлади од 80 години, од вкупно 252 колку што брои Колегиумот на кардинали. Околу 80 отсто од кардиналите со право на глас се именувани од самиот папа Франциск, но тоа не гарантира дека ќе изберат наследник кој ќе ја продолжи неговата визија. Помалку од половина од гласачите доаѓаат од Европа.

Изборот на новиот папа ќе се одвива во Сикстинската капела под фреските од 16. век на Микеланџело. Гласањето е строго тајно и се спроведува според строги правила и церемонијални процедури. Секој ден се одржуваат четири гласања, две наутро и две попладне, сѐ додека еден кандидат не добие двотретинско мнозинство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Османи: Оваа влада нема интерес да го продолжи процесот

Дејан Дејан

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Пациентите со хемофилија во страв дека нема да ја продолжат терапијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе