Вести Македонија

Засилени се инспекциските контроли по извештаите за зголемено загадување на воздухот

И денеска жителите на Битола, Кичево, Струмица, Кавадарци, Охрид, Тетово и дел од скопските општини дишат загаден воздух, а концентрациите на отровните честички се и неколкукратно над дозволените гранични вредности, покажува државниот автоматски мониторинг систем. Додека граѓаните се жалат на сериозни здравствени проблеми, надлежните доставуваат извештаи за засилени инспекциски контроли, но загадувањето не се намалува. Како што информира Министерството за животна средина 11 општини до нив испратиле  извештаи за спроведени активности. Во Битола по  извршените инспекциски надзори  опомени добиле  неколку индустриски капацитети  кај кои е утврдено дека ги  надминуваат дозволените емисии.

„Од страна на акредитиран субјект извршени се мерења на емисии во воздух при што е констатирано дека кај  МЛЕКАРА  Битола и ЛАЦТАЛИС  Битола каде како енергенс се користи мазут, има надминување на дозволеното ниво на емисии NOx (азотни оксиди), а кај КВАСАРА БИТОЛА каде како енергенс се користи дрво, има надминување на CO (јаглерод моноксид), за што им се изречени опомени. Исто така, при вонредните надзори на четири пекари констатирано е дека сите користат исклучиво огревно дрво“, се наведува во соопштението на Министерството за животна средина 

Во Општина Гази Баба при контрола на загревањето кај мали сервиси  инспекторите затекнале согорување на отпад, а затекнале и физички лица како горат гуми и електрични кабли и изречени им се казни, додека три домаќинства кои согорувале дрвен отпад добиле опомени.

Општина Кисела Вода изрекла две казни на физички лица за горење на отпад на отворено, додека општина Илинден во неколкуте рутински контроли на отворен простор на подрачјето на општината не утврдила неправилности. Извештаи за извршени инспекциски надзори на неколку капацитети кои користат фосилни горива доставиле и општините Охрид и Тетово, но нема информации за утврдени неправилности или изречени санкции.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расте бројот на жртвите на воените удари на Израел и Иран

Дејан Дејан

Двајца осомничени за разбојништво во Куманово

Дејан Дејан

Убиени уште двајца високо рангирани ирански генерали

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе