Вести Свет

Началникот на израелскиот Генералштаб поднесе оставка поради нападите на 7 октомври

Началникот на израелскиот Генералштаб, Херзи Халеви поднесе оставка, наведувајќи ги неуспесите на израелската војска во врска со терористичките напади на 7 октомври предводени од Хамас, соопшти денеска воен портпарол. Оставката на Халеви ќе стапи во сила на 6 март, рече портпаролот, пренесе ДПА.

Чекорот дојде „во време кога израелската војска постигна значајни достигнувања и во процес е на спроведување на договорот за ослободување на нашите заложници“, рече Халеви.

Неколку израелски воени претставници поднесоа оставки, откако 1.200 луѓе беа убиени од палестински милитанти во јужен Израел на 7 октомври 2023 година. Околу 250 луѓе беа киднапирани во Појасот Газа во нападите без преседан, кои го наведоа Израел да почне војна на палестинската територија.

Многу Израелци го обвинија премиерот Бенјамин Нетанјаху дека не преземал лична одговорност за политичкиот и воениот неуспех на 7 октомври.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе