Вести Македонија

Со 61 глас „за“ и 22 гласа „против“ изгласана интерпелацијата за Илире Даути

Пратениците попладнево, со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден воздржан, ја поддржаа интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути што ја поднесе пратеничката група на Левица.

Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата на работата на Даути се основани. На седницата не присуствуваа пратениците на СДСМ.

Интерпелацијата ја образложи Сашко Јанчев кој рече дека Даути со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочи Законот за бранители со тоа што не го става на дневен ред на Комисијата со која претседава.

Во текот на расправата беа изнесени различни ставови и обвинувања, а одговор на поднесената интерпелација даде и Илире Даути. Во одговор  рече дека со самото излагање на Јанчев се докажало дека интерпелацијата е без основа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(живо) Повторно гори кај Блаце, сообраќајот во прекин, затворен и граничниот премин

Дејан Дејан

38 лица затруени со салмонела во фабрика во Прилеп

Дејан Дејан

ЕК: Мешањето во судството предизвикува загриженост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе