Вести Свет

ЕУ додели 33 милиони евра за три системи за отпадни води во Хрватска

Европската Унија одвои 33 милиони евра од Фондот за кохезивна политика наменети за три системи за отпадни води во јадранското крајбрежје на Хрватска.

Станува збор за системи за собирање и секундарен третман на отпадните води во реоните на Нови Винодолски, Цриквеница и Селце, кои треба да бидат завршени до 2027 година. Дополнително, системот во Нови Винодолски ќе има и соларна машина за сушење на тиња од отпадните води.

Како што соопшти Европската комисија, овие реони во моментов се соочуваат со значителни загуби на вода, а дополнителен проблем претставуваат и дивите приклучоци на канализациската мрежа за атмосферски води.

По повод оваа одлука извршниот потпретседател на Европската комисија за кохезија и реформи Рафаеле Фито оцени дека овие проекти се конкретен пример за тоа како политиката за кохезија на ЕУ секојдневно го подобрува животот на граѓаните.

„Граѓаните од Нови Винодолски, Цриквеница и Селце можат да очекуваат побезбедна вода, подобрено собирање на отпадните води и поголема атрактивност на областа за туристите. Овој проект, исто така, ќе придонесе за заштита на животната средина на хрватското јадранско крајбрежје, бидејќи подобреното собирање и третман на отпадните води ќе го намали загадувањето на почвата и морската вода“, додаде Фито.

Во соопштението се потсетува дека Цриквеница и Нови Винодолски годишно привлекуваат по околу 329.000 туристи, кои остваруваат околу 4,5 милиони ноќевања. – Проектот ќе даде дополнителен поттик на привлечност на овие региони за туристите, граѓаните и бизнисите, нагласува ЕК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе