Вести Свет Топ вести

Неколку повредени лица, двајца хоспитализирани – напад со нож во Берлин

Неколку лица се повредени при напад со нож во западниот дел на германската престолнина Берлин, јави агенцијата ДПА, повикувајќи се на полициски извештај.

Според полициската изјава, маж нападнал неколку минувачи на улица во квартот Шарлотенбург. Двајца од повредените се пренесени во болница.

Инцидентот бил пријавен на службите за итна помош околу 12 часот по локално време. Напаѓачот е уапсен и однесен во притвор, додаваат од полицијата.

Германскиот весник „Бе Цет“ информира дека неколку минувачи се обиделе да го спречат напаѓачот. Весникот, цитиран од ДПА, наведува дека засега нема индикации оти мотивот за нападот е поврзан со тероризам.

Полицијата сè уште нема објавено повеќе детали за нападот, напаѓачот или состојбата на повредените.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Пожарот над Кочани сè уште активен, на терен над 30 пожарникари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе