Вести Свет Топ вести

(Видео) Огномет со девет тони пиротехника – Сиднеј на спектакуларен начин ја дочека новата година

Сиднеј ја дочека новата година со традиционалниот и светски познат огномет над пристаништето, следен од милиони луѓе во земјата и светот, јави агенцијата ДПА.

Огнометот во австралискиот град започна на полноќ на позадината на пристаништето и Операта. Годинава се употребени девет тони пиротехнички средства кои го осветлиле небото. Огномет беше поставен на 264 различни локации, значително повеќе од претходните години.

Со помош на иновативна технологија, под огнометот беа прикажани фигури на животни, а беше напишано и името на градот – Сиднеј.

Се верува дека повеќе од милион луѓе присуствувале на настанот, од кои многу од утрото поставиле ќебиња и столчиња во околните паркови.

Се раздени и над другите поголеми австралиски градови – Мелбурн, Бризбејн и Аделаида.

Првиот голем град кој ја дочека Новата година беше Новозеландскиот Окленд, чие обележје осветли на полноќ два часа пред Сиднеј.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонски државјанин со возило излета кај Хоргош во Србија, има загинати

Дејан Дејан

Американскиот претседател Трамп најави нови тарифи

Дејан Дејан

Студентите најавија блокади во Белград, Нови Сад и Ниш, Вучиќ со молба да не го прават тоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе