Студентите од Нови Сад пак најавија протест на полноќ, одбележувајќи ја 2024 година во тишина како знак на жалост.
Според Ана Ѓуриќ, студентка на Филозофскиот факултет, нема причина за славење, а протестите продолжуваат со активирање на кампусот и блокади.
Собирот на студентите во кампусот, ќе започне во 19 часот по што во 22 часот тие ќе се упатат кон центарот на градот.
Студентите ќе се соберат на плоштадот и ќе ја испратат старата година со краток молк, како дел од противењето на актуелната ситуација во Србија.
Протестите и блокадите ќе продолжат со ист интензитет, и во Новата година велат организаторите.