Вести Свет Топ вести

Почина поранешниот американски претседател Џими Картер- 9. јануари прогласен за ден на жалост

Поранешниот американски претседател Џими Картер, кој се истакна со своите напори за мир и хуманитарна работа, почина на 100-годишна возраст. Картер беше претседател на САД од 1977 до 1981 година.

Во време на неговиот мандат, се соочи со тешки економски предизвици и заложничката криза во Иран, но истовремено постигна големи успеси, како што е постигнување на мирен договор меѓу Израел и Египет.

По завршувањето на неговиот мандат, Картер ја доби Нобеловата награда за мир за неговата хуманитарна работа.

Во последните години од својот живот, Картер се бореше со здравствени проблеми.

Неговата сопруга, Розалин Картер, почина во ноември 2023 година. Актуелниот претседател, Џо Бајден, го опиша Картер како „неверојатен лидер“,хуманист и државник.

Истакна дека Картер придонел за мир, напредок во човековите права, слободни и фер избори и ја поддржал борбата за граѓански права.

Картер почина во својот дом во Плејнс, Џорџија, опкружен со своето семејство.

Погребот на Џими Картер ќе биде на 9 јануари, а Бајден овој датум го прогласи за национален ден на жалост низ САД и нареди американските знамиња да бидат на половина копје 30 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе