Вести Свет

ЕУ: Максимално да се искористи новата динамика во процесот на проширување базиран на заслуги

Лидерите на ЕУ повикаа на максимално искористување на новата динамика во процесот на проширување, базиран на заслуги. Во заклучоците, Европскиот совет ја потврди стратешката важност на проширувањето како инвестиција за мир, безбедност и просперитет.

На самитот кој се одржа вчера беше осудена хибридната кампања на Русија, која вклучува саботажи, сајбер напади и манипулации со информации, и најавија нови санкции против нејзините дестабилизирачки активности.

Европскиот совет ја изрази загриженоста за ситуацијата во Грузија, повикувајќи на почитување на демократските принципи и на промена на курсот на грузиските власти за да се обезбеди напредок во процесот на пристапување во ЕУ. Лидерите ја потврдија и својата поддршка за европските аспирации на Молдавија.

Во однос на миграцијата, Европскиот совет ја нагласи потребата за поинтензивна борба против нерегуларната миграција и забрзување на депортацијата во земјите на потекло. Лидерите дискутираа и за глобалните безбедносни и климатски предизвици, нагласувајќи потреба од зајакнување на воената и цивилната подготвеност на ЕУ за справување со кризи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изгореа три автобуси и комбе, за среќа без повредени – пожар крај бензинска пумпа во Кочани

Дејан Дејан

Венс: Ерата на американска доминација во светот е завршена

Дејан Дејан

Удрил тупаница на лекар кој му давал помош во казино, во болница нападнал и се заканувал на полицајци – инцидент во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе