Вести Свет

Турција им понуди воена помош за новите сириски власти

Турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер изјави дека Анкара е подготвена да му даде воена поддршка на новото сириско раководство.

– Турција, членка на НАТО, има договори со неколку други земји за воена обука и друга помош, и е подготвена да и понуди и на Сирија доколку тоа биде побарано, истакна турскиот министер.

Додека исламистичкото движење Хајат Тахрир ал-Шам, кое го предводеше соборувањето на режимот на Башар ал-Асад, се уште се води како терористичка организација во Турција, Анкара одржува силни врски со неговото раководство.

Директорот на турската Националната разузнавачка служба, Ибрахим Калин, во четвртокот го посети Дамаск, а во саботата Турција повторно ја отвори својата амбасада во главниот град на Сирија.

Падот на Ал Асад и бегството во Москва на 8 декември предизвика големо политичко престројување во регионот, со сериозно нарушување на руското и иранското, а зголемување на турското влијание во Сирија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екс заменик-министер за одбрана на Русија осуден за корупција

Дејан Дејан

Со над 200 амандмани почнува расправата за ребалансот на Буџетот

Дејан Дејан

Трамп: Израел се согласи на условите за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе