Британската Национална метеоролошка служба издаде предупредување за силни ветрови што ја погодија земјата по бурата Дара.
Во најголемиот дел од Англија и Велс, утринава во 6 часот по локално време, беше издаден жолт метеоаларм, додека Северна Ирска се соочи со налети на ветрот од 97 км./ч, пренесува „Скај њуз“.
Очекуваната јачина на ветерот во најголемиот дел од Англија и Велс ќе биде од 56 до 73 км./ч, додека силни налети од 113 км./ч ќе ги погодат крајбрежните области.
Според „Скај њуз“, бурата Дара досега одзеде два животa, а околу 259.000 домаќинства останаа без струја.