Силен земјотрес со јачина од 7 степени го погоди северниот брег на Калифорнија, објави американскиот Геолошки центар.
Потресот се случил пред 19 часот по локално време, на длабочина од 10 километри во близина на малото гратче Еурека.
Властите веднаш објавија предупредување за опасност од цунами кое е на сила за голем дел од пацифичкиот брег, северно од Сан Франциско. Според, Националниот центар за предупредување на цунами, предупредувањето е откажано за брегот на Калифорнија и Орегон.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.