Францускиот премиер Мишел Барние денеска му ја врачи својата оставка на претседателот на државата, Емануел Макрон.
Владата на Барние го загуби синоќешното гласање доверба во Националното собрание (долниот дом на Парламентот) со мнозинство од 331 глас.
Според соопштението од Елисејската палата, Макрон побарал Барние и неговата влада да продолжат со работа како привремена администрација додека не биде назначен нов премиер.
Нови избори уставно не се можни пред јуни, а Макрон сега ќе се соочи со голем предизвик во назначувањето нова влада во парламентот, кој е поподелен од кога било, како и повиците за негова оставка.
За иден премиер на француската влада се споменува името на министерот за одбрана Себастиен Лекорну, кој е близок до Макрон.