Сириската војска се повлече од Алепо, но најави контраофанзива. За да ја запре оваа офанзивата на опозициските сили која започна во средата, на помош ја повика Русија која изврши воздушни напади врз вториот по големина град во земјата, по прв пат по 2016 година.
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека во напад на руски авионски во западниот дел на градот загинале најмалку 16 лица, а 20 се повредени.
Борците предводени од џихадистичката група Хаџат Тахрир ал-Шам успеале да преземат контролата над значителни делови, вклучувајќи владини згради и затворите. Сепак, сириските власти се повлекле во предградијата, а градскиот совет и полицијата го напуштиле центаралното градско подрачје.
Според активистите, курдските милиции ја искористиле празнината во власт и го зазеле аеродромот во Алепо.
Од 27 ноември, регионот на Идлиб и Алепо е погоден од најтешките борби од 2020 година.
Претходно, џихадистите ја презеле контролата над околу 50 места во околината на Идлиб и западно од Алепо, територии кои претодно беа под контрола на режимот на Асад.
Хаџат Тахрир ал-Шам се смета за наследник на групата Нусра фронт, сирискиот огранок на Ал-Каеда.
Според Рами Абдел Рахман, директор на Сириската опсерваторија, џихадистите добиваат поддршка од Турција, која според него е информирана за операцијата, а истата добила и одобрение.
Алепо пред граѓанската војна беше втор по големина град во Сирија и важен економски центар. Во 2012 година, џихадистите зазедоа дел од градот, што доведе до интензивни борби со сириската војска.
Во 2016 година, владините сили ја повратија контролата над источните делови, но градот беше речиси уништен, а илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.