Вести Македонија

Постигнат начелен договор за иницијативата на приватните превозници

Во 13 часот денеска е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје, на која советниците ќе расправаат за предлогот за зголемување на цената за изминат километар за приватните автобуски превозници.. Иницијативата, кој беше предложен од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, се однесува на зголемување на цената од 70 на 100 денари.

Приватните превозници изразија задоволство од понудениот предлог, но сепак одлучија да не се вклучат во јаввниот превоз до понеделник, очекувајќи советниците да го изгласаат предлогот. Се откажаа од најавените блокади за понеделник велејќи ќе ја чекаат расрешницата во градското собрание.

Вчера пак претседателот на совет на Град Скопје Трајко Славески беше дециден дека поради кризната состојба владата има мерки како да ги спречи најавените блокади односно дека доколку блокираат автобусите ќе бидат отстранети со булдожери. Приватните превозници исто така бараат решавање на долговите односно средства кои како што велат не им се исплатени од јуни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе