Вести Свет

Зеленски: Путин сака да ја ескалира ситуацијата за Трамп да не може да ја прекине војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа изјави дека на рускиот претседател Владимир Путин не му е потребен крај на војната бидејќи „сака да ја ескалира ситуацијата за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да не може да стави крај на руската војна против Украина“.

Тој потсети дека Путин вчера во Казахстан повторно рекламирал руски ракети и „подготвеност за убивање и уништување“.

Путин јасно сака да додаде илјадници и илјадници проектили што веќе ја погодија Украина. Нему не му треба крај на оваа војна. Освен тоа, Путин сака да ги спречи другите да ја завршат оваа војна. Тој сега може да мавта со својот „Орешник“ само за да ги осуети напорите на претседателот Трамп, што секако ќе се случи по инаугурацијата, Путин сега сака да ја ескалира ситуацијата за Трамп да не направи ништо и да не може да ја заврши војната, истакна Зеленски во синоќешното видео обраќање.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Нема да има данок за немажени, сакав да поттикнам дебата

Дејан Дејан

Скопје со валцери го одбележа јубилејот на Јохан Штраус

Дејан Дејан

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе