Вести Македонија

Бојан Христовски e нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Владата денеска на седница го разрешен директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место е именуван Бојан Христовски.

Христовски има искуство долги години во безбедносните институции. Кратко време беше директор на градското претпријатие „Паркинзи Скопје“, а на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи.

Како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, по локалните избори во октомври 2021 година, тој краток период беше директор на јавното скопско претпријатие „Градски паркинг“, но замина од позицијата во септември 2022 кога почнаа недоразбирањата и јавните препирки меѓу партијата и градоначалничката Данела Арсовска.

Досегашниот директор Милошевски беше назначен на функцијата во декември 2022 година од тогашната Влада на СДСМ и ДУИ. Пред Милошоски, на позицијата се наоѓаше Виктор Димовски, кој беше и прв директор на АНБ.

Агенцијата за национална безбедност почна да функционира во 2019 година, по реформите кои беа спроведени во безбедносниот сектор, а со кои престана да функционира Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во рамки на Министерството за внатрешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривичниот суд соопшти дека обвинителниот акт за случајот поврзан со Онкологија е одобрен

Дејан Дејан

Трамп потпиша забрана за влез во САД за државјани од 12 земји со цел „заштита на Американците од опасни странски туристи“

Дејан Дејан

(фото)Возрасна морска желка по име Дили Дејли повторно вратена во водите на Атлантскиот Океан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе