Дан и Лиа Пержовски, кои ги исцртуваат ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз утревечер ќе ги претстават своите дела на уникатен начин во Музејот на современата уметност. Низ проектот „Сет за преживување“ кој е дел од поголемиот проект „ Музејот на знаењето“ Лиа Пержовски ги истражува концептите поврзани со знаењето, со образованието и социјалните структури.
Денешниот контекст е помалку нестабилен, со сите војни околу нас, дури и во Европа. Сите ние се прашуваме што се случува, како да се опстане и технологијата ги акцентира овие нешта дури и побрзо одошто ние би сакале, да ги набљудуваме нештата и обидувајќи се да најдеме решение, изјави уредничката Пержовски.
Дан Пержовски, кој со години работел како новинар во независен печатен медиум се фокусира на тоа како медиумите и информациите влијаат на нашето разбирање на светот, и „Обновени вести“ е негов обид да ги истражи и предизвика традиционалните наративи и начин на известување.
Многу од медиумите во мојата земја ( Романија), но и генерално преминаа во таблоиди, стремејќи се кон спектакуларност, кон евтини нешта. И јас не сум заинтересиран за тоа, јас се интересирам за нешто подлабоко. И се уште верувам дека медиумите вие, јас и секој што работи со тоа имаме голема одговорност, затоа што ние сме дел од тој процес на образование во општеството, рече дан пержовски.
И покрај различните медиуми во кои работат, и двајцата уметници ја делат заедничката цел да ја искористат уметноста како инструмент за ангажирање и промена, вели кураторката Гаќина.
Меѓународниот успех на Музејот на современата уметност се должи на тоа што успеавме да ја истакнеме и афирмираме неговата посебност. Успеавме да ги заинтересираме повторно не само локалните, туку и меѓународните стручни лица да ја видат повторно оваа колекција која што е акт на солидарност , како што знаете целата наша колекција е донација и ги покрива географски сите простори, рече кураторката гаќина.
Дан и Лиа Пержовски учествуваа на групната изложба „Лаф муабет“ (Small Тalk) во МСУ во 2001 година. Тие се воедно и на листата донатори на колекцијата на Музејот на современата уметност.
Нина Стефанова