Вести Свет

Европската комисија со предупредување до Унгарија – да не испраќа мигранти во Брисел

Европската комисија денеска ја предупреди Унгарија да не ја реализира својата закана за испраќање мигранти кон Брисел. Ова однесување е неприфатливо, изјави портпарол на Комисијата на прес-конференција.

Ова би било прекршување на законодавството на ЕУ и би ги загрозило основните принципи на Шенген зоната, изјави портпаролот.

Вчера Белгија се спротивстави на намерите на Унгарија и повика на интервенција на ЕК. Будимпешта, која претседаваше со Советот на ЕУ од јули, изјави претходно ова лето дека има намера да го олесни издавањето визи за граѓаните на Русија и Белорусија, што повторно предизвика стравувања дека тоа претставува закана за Шенген зоната.

ЕУ во мај годинава ги усвои измените на миграцискиот пакт, на кои се противеа некои од лидерите од земјите членки од централна и источна Европа, меѓу кои и унгарскиот премиер Виктор Орбан, но и полскиот премиер Доналд Туск.

Со измените, меѓу останатото, на земјите членки кои се соочуваат со голем прилив на илегални мигранти, како Италија и Грција, им се дава можноста дел од нив да преместат во други држави од Унијата. Доколку некоја земја членка одбие да ги прифати овие мигранти мора да плати „компензација“.

Шефот на кабинетот на Орбан, Гергеј Гујаш, кон крајот на минатиот месец рече дека Будимпешта со автобуси ќе пренесе илегални мигранти во Брисел, каде што е седиштето на повеќето институции на ЕУ, доколку Унијата опстојува на ставот за спроведување на новите правила за миграција.

Истата закана во петокот ја повтори и пратеникот во унгарскиот Парламент, Бенце Ретвари од редовите на партијата Фидес на Орбан, кој изјави дека по спроведувањето на новата „европска процедура“ за миграција, Владата на Унгарија е подготвена на илегални мигранти да им понуди „бесплатно патување до Брисел во еден правец“.

Во таа насока беше и изјавата на политичкиот директор на премиерот Орбан, Балаш Орбан, кој истакна дека „Унгарија ја штити целата ЕУ со својата строга гранична контрола, додека Брисел повеќе би сакал политика на отворени граници“, па Будимпешта би можела да му овозможи да почувствува како изгледа прилив на илегални мигранти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Гласот на Америка“ се враќа по известувањето на министерството за правда

Дејан Дејан

Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата

Дејан Дејан

Општината Гази Баба добива 9 милиони евра од Владата – најголем дел е предвидено за изградба на улици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе