Вести Македонија

Цела Битола остана без вода за пиење

Целосно е прекинато водоснабдувањето во Битола, поради голем дефект на главниот цевковод. Целиот град со часови е без вода  после полноќ, откако Пумпната станица остана без струја, што предизвика оштетување на  витален дел од водоводниот систем, објаснуваат од Водовод. Испразнета е целата  мрежа, се работи на санација на дефектот, но сепак неизвесно е кога повторно Битола ќе добие вода.

-Поради  испад од електричната мрежа на Пумпната станица дојде до голем хидрауличен удар на  затворачот Ф 500 од потисниот цевковод и настаан голема пукнатина. Со екипите цела ноќ работиме на санирање на дефектот. Станува збор за најзначајниот дел, срцето на Водовод, потисниот цевковод, од каде ја испумпуваме водата од Стрежево и ја носиме до домаќинствата,  вели Андреј Гинов, директор на ЈП Водовод Битола

Целосно пресушија и јавните чешми низ градот, а граѓаните се револтирани поради повеќечасовниот прекин на водоснабдувањето побрзаа да купат  барем вода за пиење.

-Треба повеќе работа, помалку фалби. Во кој век сме без вода со часови да не остават. Ќе купуваме вода тоа е , барем за пиење и за хигиена да имаме. Еве ќе навалат сега во маркетите ако нема  вода во  цел град, велат битолчани

Ова лето со чести проблеми во водоснабдувањето се соочува централниот дел од градот и покрај Пелистерските извори и вештачката акумулација Стрежево. Од Водовод тврдат дека станува збор за енормно зголемена потрошувачка и нерационално трошење на водата, порад што повисоките катови од зградите се соочуваат со намален притисок. Но, денеска без вода остана цела Битола поради голем дефект на главниот цевковод.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе